Добредојдовте на веб страната на апликацијата InterWB, заштитена линија за пријавување сомневања за сторени прекршоци или неправилности и пружање поддршка. Линијата е наменета за поднесување пријави за возможни прекршоци или неправилности и поставување прашања од вработените во "Intereuropa Group", како и од трети лица. Линијата служи и за пријави и прашања во врска со вработените. Сите примени податоци се обработуваат исклучиво со цел за откривање и истражување на сомневања за сторени прекршоци или неправилности или за давање објаснувања до вработените и до трети лица во врска со спречување, откривање и истражување на прекршувања или неправилности во "Intereuropa Group". Не мора да го откривате Вашиот идентитет, заинтересирани сме пред се за содржината на Вашите пријави или прашања. Во секој случај, Вашите податоци ќе бидат третирани доверливо.
Сакам да поднесам пријава

Пријавата може да биде и анонимна и би требало да се поднесе во добра верба. При поденсување на пријавата само полињата обележани со ѕвезда (*) се задолжителни. Во другите полиња, не е задолжително да се внесат податоци, па не грижете се доколку ги оставите таквите полиња празни, едноставно кликнете "Напред". На крај на постапката на поднесување пријава ќе Ви биде доделено корисничко име и лозинка, запишете ги бидејќи ќе Ви бидат потребни за следење на статусот на пријавата.

Сакам да поставам прашање

Овде може да ги испратите вашите прашања поврзани со спречување, откривање и истражување на прекршоци или неправилности во "Intereuropa Group". Стручни лица од ова област ќе одговорат на вашите прашања. Прашањата може да се поставуваат и анонимно. На крај на постапката за поднесување на прашање, ќе Ви биде доделено корисничко име и лозинка, запишете ги бидејќи ќе ви бидат потребни за следење на процесуирањето на Вашето прашање.

Сакам да го проверам статусот на мојата пријава или прашање

Овде може да го следите статусот на Вашата пријава или прашање и безбедно да комуницирате со нашите истражители и стручни лица.