Може ли да поднесам пријава или да поставам прашање анонимно?
Да.
За да останете анонимни, при пополнување на формуларите и при прикачување на документите, осигурајте се дека не споделувате информации кои директно или индиректно би можело да го обелоденат вашиот идентитет.
Кој има пристап до мојот идентитет доколку го откријам?
Пристапот до вашиот идентитет е ограничен на лица кои се директно одговорни за обработка на вашата пријава или прашање. Тоа се лицата (офицерите) за интегритет и усогласеност на работењето, членовите на Советот за етика и директорот за човечки ресурси - за пријави поврзани со теми од областа човечки ресурси. Експертите од Trusty AG, исто така, имаат пристап до вашите информации, бидејќи тие извршуваат првична анализа на примените пријави и прашања за нас.
Други лица, кои се вклучени во обработката на вашата пријава или прашања, ќе имаат пристап до вашиот идентитет само со Ваша согласност, која може да ја дадете при процесот на поднесување пријава или прашање.
Без Ваша изречна согласност, ние нема да го откриеме вашиот идентитет на други лица кои не се споменати погоре, освен во случаи кога сме должни да го сториме тоа по барање на надлежни органи.
Можете ли да ме откриете преку IP адресата?
Со цел да се обезбеди доверливост и анонимност, не ги чуваме IP адресите и временските логови. Применуваме политика "без веб колачиња".
Кому и за какви прашања или пријави е наменета апликацијата?
Апликацијата е наменета за вработените во нашата организација и за надворешната јавност.
Апликацијата не е наменета за општи прашања за функционирањето на нашата организација или за општи поплаки, туку за пријави и прашања во врска со интегритетот и областа човечки ресурси.
Кој ќе ја обработува мојата пријава или прашање?
Почетната анализа на пријавите и прашањата ја спроведува експерт од Trusty AG.
Понатамошната обработка на пријавите или прашањата ја вршат членовите на Советот за етика.
Доколку пријавата или прашањето се однесуваат исклучиво на областа човечки ресурси, таквата пријава или прашање ќе бидат препратени и обработени од одделот за човечки ресурси.
Што ако мојата пријава се однесува на лицето одговорно за нејзина обработка?
Во таков случај, ваквото лице ќе биде исклучено од процесот. Менаџментот ја доставува пријавата на обработка кај друг експерт.
Што ако мојата пријава се однесува на менаџментот на друштвото?
Во таков случај, за пријавата се известува претседателот на ревизорската комисија на надзорниот одбор. Надзорниот одбор одлучува за истрагата и понатамошните мерки.
Како се спроведува обработка на пријавата?
Обработката на пријавата се изведува во следните фази:
- прием,
- првична анализа,
- обработка,
- истрага.
Може ли да ја следам обработката на мојата пријава или прашање?
Да.
Можете да го следите процесот со кликнување на "Сакам да ја следам мојата пријава или прашање". Линкот ќе ве упати на комуникациски портал каде што можете да го внесете корисничкото име и лозинката што ги добивате при поднесување на пријавата или прашањето.
На порталот може да ја следите обработката на вашата пријава или прашање и безбедно да комуницирате со нашите истражители и експерти.
Може ли да комуницирам со Вас ако останам анонимен?
Да.
При поднесување пријава или прашање, и на разоткриените и на анонимните пријавувачи им се доделува корисничко име и лозинка. Со нив можете да се логирате на комуникацискиот портал каде што можете да ја следите обработката на вашата пријава или прашање и безбедно да комуницирате со нашите истражители и експерти.
Бев предупреден/а за можна одмазда. За што се работи?
Одмаздата значи дека лицето кое пријавува или информаторот, поради пријавувањето може да доживее или да биде предмет на закана со неоправдани, негативни последици во контексти поврзани со неговата работа.
Одмаздата може да биде насочена против лицето кое пријавува или информаторот, правното лице претставувано од лицето кое пријавува, или против роднини на информаторот кои се вработени во организацијата или во нејзини договорни партнери.
Дали сум заштитен/а од одмазда?
Пријавувачите кои поднесуваат пријава во добра верба, уживаат заштита од одмазда.
Пријавувачот се квалификува за заштита под услов тој или таа да има разумна основа да верува дека во моментот на пријавувањето пријавените информации се вистинити.
Вашата добра верба се претпоставува освен и додека не се докаже поинаку.
Како треба да пријавам одмазда?
Можете да пријавите одмазда преку апликацијата.
Во вашата пријава треба да се повикате на вашата претходна пријава и да посочите дека сега сте предмет на закана со непримерен третман или дека веќе сте претрпеле некаква штета.
Дали можам да поднесам пријава или прашање на друг начин?
Да.
Можете да поднесете пријава или прашање на следниве начини:
- редовна пошта на адресата Intereurpa, Глобален логистички сервис, д.д., Војково набережје 32, 6000 Копер - Каподистрија,
- по телефон на бројот +386 5 664 12 60,
- по факс на број +386 5 664 1273,
- по е-пошта до etika@intereuropa.si